Претепани избодени и крвави момчиња ја потресоа Струга

Утринава околу 4 часот настанала крвава тепачка пред кафеаната „Оаза“ во Струга. 

Како што информираат од полицијата, во тепачката учествувале две групи на лица, а најдебелиот крај го извлекле 21 годишниот М.В. кој заработил удар со шише во челото, 20 годишниот С.М. кој бил избоден со нож и 21 годишниот Н.П. кој бил избоден со нож во колкот и градниот кош.

На повредените момчиња им била укажана лекарска помош, а  Н.П.  е задржан на понатамошно лекување во Медицинскиот центар во Охрид. Охридската полиција го расчистува случајот.

10.11.2013 - 12:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа