Детали од трагедијата: Кој е младиот скопјанец кој вчера загина кај Бабуна?

24 годишниот скопјанец Атанас Л. е момчето кое вчера загина паѓајќи од карпа близу реката Бабуна.

Како што информираат денеска од полицијата, момчето се движело по карпа во висина од 20 метри, паднало во провалија, со главата удрило во камен и починало. На лице место бил испратен хеликоптер од ЕСЗ, момчето било извлечено и пренесено во Скопје. За жал, медицинските екипи, а подоцна и лекар од Градската болница, констатирале смрт кај скопјанецот.

По наредба на истражен судија, телото на Атанас е пренесено во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје за обдукција. рп/12:29

 

10.11.2013 - 13:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега