Втора затворска казна - скопјанка доби 1 година бидејќи крадела струја

Основниот суд Скопје 1 ја осуди Р.П. ( 54 години )  од Скопје, управител на неколку друштва за внатрешна и надворешна трговија на казна затвор од една година за кривичното дело кражба на електрична енергија. Обвинетата Р.П. извршила манипулација на броилото при што истото не ja  регистрирало  соодветно потрошената електрична енергија, со што се здобила со одредена материјална корист. Покрај тоа што ќе плати висока парична казна за неовластено користење електрична енергија таа ке треба да отслужи и една година затвор. Со оваа одлукa se зголемува генералната превенција на ваквиот вид криминал кој е во пораст. Зголемениот број на кражби  најмногу во зимскиот период влијаат на функциниорањето на дистрибутивниот систем  и предизвикуваат опасност за околината и за човечките животи , поради зачестените појави на пожари при кражби на електрична енергија. Ова е втор случај на затворска казна за електрична енергија , првата беше изречена во август оваа година , кога на затворска казна беше осуден скопјанецот М.С исто така на една година.

10.11.2013 - 13:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега