ФОТО: Автомобил се заби во мотор во Охрид

Моторциклист заработи тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне во Охрид.

Според информациите кои ги пренесува Ohridnews, незгодата се случила вчера попладне на булеварот „Туристичка“ во Охрид, кога патничко возило се приклучувало од улицата „Стив Наумов“ на булеварот „Туристичка“ и удрило во моторот.

Моторциклистот е пренесен во специјалната болница „Св. Еразмо“.

ФОТО: Ohridnews

10.11.2013 - 13:21
Фото: 
Ohridnews

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега