Започнува исплатата на пензии за месец мај
На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец мај 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.05.2021 година, за да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мајските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.05.2021 година.
Владата им препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:
– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.05.2021 година (среда);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.05.2021 година (четврток);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.05.2021 година (петок); и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.05.2021 година (понеделник).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа