„Влезе во тоалет и самиот се избоде“ - повреден штипјанец се бори за живот

90 годишен старец со убодна рана во стомакот синоќа бил пренесен во штипската Клиничка болница.

90 годишниот Т.Е. од Блатец бил примен во штипската болница со убодна рана во стомакот, за која неговиот зет тврдел дека самиот си ја нанел. Зетот М.К. тврдел дека 90 годишникот сам влегол во тоалет и оттаму излегол целиот во крв.

Иако зетот изјавил дека тој и старецот одлично се согласувале, полицијата покренала истрага за да се утврдат околностите при ранувањето на Т.Е.

 

11.11.2013 - 09:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега