Сеуште не се знае од што починало петмесечното бебенце во Кавадарци

Сеуште не се познати причините за смртта на петмесечното бебенце кое под сомнителни околности починало во кавадаречката болница.

- Увидната полициска екипа и истражен судија во текот на вчерашниот ден го посетија домот на починатото бебе и имаа разговор со родителите и блиските, изјавува портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.

Инаку, вчера во 7 часот утрото во полициската станица во Кавадарци од страна на медицинските лица при детското одделение на болницата било пријавено дека кај нив половина час претходно било донесено петмесечно бебе кое не давало знаци на живот.

- На терен веднаш излегоа увидна полициска екипа и истражен судија. По наредба на истражен судија телото на бебето е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика со цел да се утврдат вистинските причини за смртта, повтори Стојковска. 

11.11.2013 - 12:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега