ВИДЕО: Спасувачка акција кај „Мавровка“ - маж сака да скокне од зграда
Во близина на Трговскиот центар „Мавровка“ во центарот на Скопје во тек е спасувачка акција поради маж кој се обидува да скокне од кровот на зграда. Во акцијата учествуваат полицајци и пожарникари, пренесува „360 степени“.
Спасувачките екипи преговараат со човекот во обид да го разубедат, а околу зградата поставија и душек.
На терен е присутна и екипа на Брзата помош.
08.06.2021 - 10:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа