ФОТО: Во Бутел откриен нелегален бутик со облека од Италија

Викендов и изминатата недела, Цариниците дефинитивно биле со полни раце работа. Во еден случај, цариниците во куќа во Бутел откриле куќа - магацин за облека од италијанско потекло  која во малопродажба би можела да има голема вредност.

- Не можеме да најдеме веќе големи случаи на заплена на фалсификувана или непријавена стока, туку пред се имаме случаи на ситно. Тоа е многу потешко да се открие и треба многу повеќе контроли, истакна Ванчо Каргов.

Деновиве, додаде, повторно имаме и акции за спречување на користење на црвена нафта во возила. 

- Во неколку дневната акјција задржани се еден автобус и две патнички возила кои користеле црвена нафта, рече Каргов.

Запленетата стока, појасни тој, која не е расиплива ќе и се предаде на Агенцијата за управување со конфискуван имот, која е надлежна да ги чува до конечноста на постапката. Потоа во зависност од донесената одлука може да биде вратена или да бидат продадени или отстапени на одреден државен орган без надомест. Храната, која исто така е во надлежност на Агенцијата, веднаш мора да биде продадена или предадена  на одредени органи. Девизните средства, пак, се депонираат во Народната банка на Република Македонија и се држат во депо до крајот на постапката. Доколку бидат одземени денарската противвредност НБРМ ја исплатува во корист на Буџетот на Република Македонија, а во спротивно се враќаат.

 

11.11.2013 - 13:46
Фото: 
царина

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега