Министерот Попоски на средба со претседателите на Стопанските комори во Македонија

 

Во Министерството за надворешни работи денеска министерот за надворешни работи, Никола Попоски ќе оствари средба со претседателите на стопанските комори.

За време на средбата во МНР ќе бидат разгледани можностите за поголемо искористување на дипломатско-конзуларните претставништва во извозната, инвестициската и туристичката промоција на државата.

На состанокот поканети се претседателите на  Стопанската комора на Република Македонија, Стопанската комора на северозападна Mакедонија, Сојузот на стопански комори и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии.

12.11.2013 - 09:57
Фото: 
денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега