Еден килограм марихуана пронајдена во паркиран автомобил во Кичево

Македонската полиција во текот на вчерашниот ден пронашла еден килограм марихуана во паркиран автомобил во Кичево. Како што соопшти полицијата, се работи за возило со охридски регистерски ознаки, од кое две засега непознати лица побегнале откако ги забележале полициските службеници кои се упатиле кон автомобилот.

При контрола на возилото, полицијата пронашла еден килограм марихуана во најлонска ќеса.

12.11.2013 - 10:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега