Косовци планирале масакр ист како на Смилковското Езеро

Шестчлена група насилници е уапсена на Косово под сомнение дека е поврзана со терористичката Ал Каеда, и дека планирала терористички напад во Гњилане и на езерото Грмија во Приштина.

Еден од уапсените војувал во Сирија. Во нивните куќи е пронајден арсенал оружје. Неколку месеци е прислушуван телефон на осомничените за планирање терористички напади. Оваа група од шест Албанци, од кои еден бил вратен од Сирија, е составена од млади од Приштина и Гњилане, пренесува весникот "Зери".

Оваа група подготвувала терористички напад како оној кој беше извршен на Смилковското Езеро. Со прислушување се дознало за планот, а следела и полициска акција и апсење.  Се работи за В. Шаља. Г. Селими, М.Хусени, Н.Сулејмани, А.Мехмети и Б. Муљољи, а еден од нив сеуште е во бегство.

“Коха диторе” пишува дека Г.(Генц) Селими е повратник од Сирија. Неговиот војнички прекар е "Ебу Хафс Ал АЛбани" и тврдел дека го следи патот на Ал Каеда на Балканот и најавува нејзино скоро доаѓање.

При претресот полицијата пронашла оружје и големо количество експлозиви.

12.11.2013 - 11:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега