СДСМ: И во Скопје и низ цела држава Мицкоски го очекува пораз на локалните избори

 

Христијан Мицкоски уште еднаш покажа дека ниту самиот не верува во неговата понуда за кандидати за градоначалници, реагира владејачката СДСМ на интервјуто на Мицкоски за Сител.

Според партијата, Мицкоски го очекува пораз и во Скопје, но и низ цела државата.

-Очигледно е дека Мицкоски има проблем да најде кандидати за градоначалници, затоа што знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е извесен губитник на локалните избори. Класичен блеф е ставот на Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги очекува пораз не само во Скопје туку и низ целата држава. Истовремено, лажна е грижата на Мицкоски за јавното здравје, кога тој прв ги прекршуваше мерките и поддржува протести на кои се загрозува јавното здравје и се навредуваат здравствените работници, се вели во реакцијата.

Според СДСМ, граѓаните ги препознавале деструктивните политики на Мицкоски.

-Сето тоа се докази за неодговорното однесување на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните ги препознаваат деструктивните политики на Мицкоски, тој е осамен во својот простотилак кој јавно го обелодени на социјалните мрежи, затоа му следува уште еден пораз. И на претстојните локални избори граѓаните ќе го победат ретроградниот концепт на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и ќе им испорачат нов пораз седми по ред, се вели во реакцијата.

 

18.08.2021 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега