СДСМ: Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ - сѐ уште работат спротивно на интересите на граѓаните и државата
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е партија во која нема никаква промена, која знае само за блокади, деструкции и лажни вести, обвини владејачката СДСМ.
-ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски постојано работат спротивно од интересите на граѓаните и државата, водејќи се единствено од лични дневно партиски интереси. Опозициската партија поттикнуваше кршење на мерките за заштита од коронавирусот, поддржуваше антиваксерски протести, се противеше на мерките за помош на граѓаните и стопанството и се уште ја кочи изградбата на новиот Клинички центар. Тоа е потврда за нивното антидржавно однесување кое одамна е препознаено од граѓаните. Со таквиот однос, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги очекува нов, седми пораз од граѓаните на следните локални избори, се вели во дописот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа