Арсовска: Ги имам сите квалитети коишто на скопјани им се потребни да живеат во едно убаво место како што е Скопје

 

Независната кандидатка за градоначалничка на Град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска во 10 брзи прашања дава 10 брзи одговори преку кои се опишува себе си, кажува што и е важно, што и е слабост на што се смее и што ја лути и зошто скопјани би требало да гласаат за неа.

Опишувајќи се како мајка, сопруга, жена, човек со интегритет, Данела Арсовска на прашањето “Зошто сакаш да бидеш градоначалник?”, вели дека ги има сите квалитети кои што на скопјани им се потребни да живеат во едно убаво место како што е Скопје и да го направи да биде современ и европски град. А на прашањето “која е најдобра причина да гласаат”, одговорот од Арсовска е “Затоа што веруваат дека сум човек со интегритет, дека сум некој кој што со искреност, со квалитетен и добар пристап ќе овозможи Скопје да биде навистина град како што заслужуваат. И скопјани, знам дека ќе гласате за мене.”

Според Данела, одговарајќи на прашањето “Дали жена може да биде градоначалник?”  жените апсолутно покажале и докажале дека можат да бидат се што ќе одлучат и сè што ќе посакаат.

Најмногу ја лутат лаги, корупција, “сето она кое што ни се случува во секојдневието, кое што е, да кажеме неубаво. Сето она кое што на сите луѓе веројатно им смета, а најмногу на скопјани”, одговара Данела.

Кој и што и е слабост, на што се смее, за синот и сопругот, дознајте повеќе за Данела Арсовска од нејзините брзи одговори од видеото.

 

21.09.2021 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега