Приведен кинески милијардер, директор на групацијата „ХНА“
Директорот на кинескиот конгломерат „ХНА груп“, Чен Фенг, е уапсен затоа што е осомничен за голем број криминални дела, се вели во денешното соопштение на официјалната страница на оваа компанија „WeThat“, пренесува „Ројтерс“.
Полицијата го приведе и извршниот директор на групата ХНА, Тан Ксијангдонг, бидејќи тој исто така е осомничен за криминално дело.
Групата соопшти дека работата на банкротот и преструктуирањето напредува бавно.
Групацијата ХНА е кинески конгломерат со седиште во градот Хаику и е основана во 2000 година. Вклучена е во голем број бизниси, вклучувајќи авијација, недвижен имот, финансиски услуги, туризам, логистика и некои други индустрии.
Фенг на листата на „Форбс“ од 2017 година, тежеше 1,7 милијарди долари, а во некои извештаи на светските медиуми од минатата година, се наведува дека неговото богатство достигнало до 1,9 милијарди долари.
Макфакс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа