АЕК: Пред да се даде согласност за учество во наградна игра да се проучат правилата

Агенцијата за електронски комуникации денеска соопшти дека пред да даде согласност за учество во наградна игра претплатникот треба да ги простудира официјалните правила кои согласно законските прописи,  мора да бидат јавно објавени. Ова се однесува на наградни игри организирани од даватели на услуги преку мобилните оператори. По тие приговори, според соопштението, АЕК постапува како и по сите пристигнати приговори, согласно Законот за електронски комуникации, Правилникот за општи услови и останатите подзаконски акти.

- Секој пристигнат приговор ќе биде внимателно проучен од инспектор за електронски комуникации и ќе биде постапено со инспекциски надзор и ќе биде донесено соодветно решение. Секаде каде што инспекторот ќе утврди неправилност, приговорот на корисникот ќе биде усвоен и операторот ќе биде задолжен да изврши поврат на средствата. Тоа ќе бидат случаи кога корисникот во претплатничкиот договор не дал согласност за директен маркетинг или не дал согласност за учество во наградната игра, се вели во соопштението.

АЕК појаснува дека доколку претплатникот не сака да биде изложен на директен маркетинг од страна на својот оператор (како пример, рекламирање на наградна игра), да провери во својот претплатнички договор дали има дадено согласност за директен маркетинг и во случај да има, да ја отповика.

15.11.2013 - 14:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега