Сали Бериша побара оставка на Рама

Отакако премиерот на Албанија Еди Рама одлучи дека Албанија нема капацитет да го уништи сириското хемиско оружје, поранешниот албански премиер Сали Бериша побара  Рама да си поднесе оставка, зашто никој во светот повеќе не му верува.

„Го повикувам Еди Рама, заради светоста на Бога и на Албанија да си поднесе оставка доколку му останала и честичка одговорност и достоинство. Поднеси си оставка зашто на ова тло, Албанец или странец, повеќе никој не ти верува! Бог да ја благослови младината на нашиот народ“, напиша на Фејсбук Бериша.  „Албанската младина триумфираше над измамата на Еди Рама. Таа, со историскиот протест, го победи човекот кој го измами светот, сојузниците и Албанците“, додаде Бериша.

На одлуката на Рама реагираше и американската Амбасада во Тирана, наведувајќи дека официјален Вашингтон ја почитува одлуката.

 

Тие нагласија дека  САД ќе продолжат да работат со сојузниците и партнерите, како и со светската организација за да обезбедат уништување на програмата на хемиското оружје во Сирија.

16.11.2013 - 13:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега