Прекинато гласање во скопски Аеродром
Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место бр.2683/1 – основно училиште „Блаже Коневски“ е прекинато гласањето во 13,56 часот се до 14,13 часот, поради тоа што заменик член од партија дал дупли ливчиња на член од советничка листа на град Скопје и за градоначалник на град Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
17.10.2021 - 17:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа