Трајанов: Во Германија не паѓаат Влади поради пораз на локални избори

Во Скопје се води тешка изборна битка во која шансите на актуелниот градоначалник Петре Шилегов се поголеми, но таа не е поврзана со опстојувањето на парламентарното мнозинство и Владата, вели претседателот на Демократски сојуз – Павле Трајанов, во интервју за „Локално“, прашан дали вториот круг на локалните избори ја решава судбината и на Зоран Заев како премиер, а во контекст на искуствата во другите земји со локалните избори.

„Се бираат совети на општините и градоначалници, а не Влада. Дали е пракса во Франција, Германија, Англија, Грција па и во соседните држави, ако се изгубат локални избори да падне влада или претседател? Секако дека не“, вели Трајанов, додавајќи дека Заев во никој случај не треба опстојувањето на Владата да го поврзува со исходот на изборите во вториот круг, бидејќи, посочува, таа порака демотивира.

Според Трајанов, по изборите треба да се направи темелна анализа за слабата поддршка и да се отворат многу прашања, пред сѐ кадровски, па ако треба да се разговара и за предвремени парламентарни избори. Но, факт е дека парламентарното мнозинство е стабилно, категоричен е лидерот на Демократски сојуз

25.10.2021 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега