Шок: Првоодделенец починал на среде час по физичко

Седумгодишен ученик во прво одделение во основно училиште во Нови Сад, Србија,  во петокот починал на час по физичко возпитување, јавуваат српските медиуми.
Учениците биле во салата за физичко воспитување и на самиот почеток на часот додека уште траеле вежбите за загревање, ученикот се струполил на подот.
Веднаш дотрчал наставникот и почнал процес на реанимација, но детето било мртво.
Ситуацијата станува уште почудна бидејќи пред помалку од 6 месеци, при уписот во училиште ученикот добил лекарска потврда дека не е болен од ништо и дека може да ги посетува часовите по физичко.
Родителите на ученикот во полицја изјавиле дека утрото детето се однесувало вообичаено и не покажало никави знаци на болест.
Српската полиција веќе води истрага, а училиштето и Министерството за образование се во шок

17.11.2013 - 11:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега