„Фискална во рака-награда без мака“ - собирајте сметки Владата дели станови и дуќани

Со наградна игра и подигање на јавната свест кај граѓаните Владата ќе ја зајакнува фискализацијата, најави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
 
Со собирање 20 фискални сметки од кој било износ, граѓаните ќе може да учествуваат во наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“. Главна награда е стан и дуќан, а секои 45 дена ќе се доделува автомобил и вредносни ваучери за лаптопи, велосипеди, смарт телефони, ЛЦД телевизори,... Извлекувањето ќе биде во девет кола, а првото почнува на 30 декември.
 
- Очекуваме да се мотивираат и заинтересираат граѓаните за добивање фискални сметки секаде каде што пазарат и добиваат услуги, да соберат 20 фискални сметки и ги стават во плико. Граѓаните може да учествуваат неограничен број пати во наградната игра. Наградниот фонд содржи еден стан и еден дуќан, кои ќе бидат распределени на крајот од наградната игра и ќе учествуваат учесниците од сите кола, рече Ставрески. 
 
Приредувач на наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“, како што информира Ставрески, ќе биде Државната лотарија на Република Македонија, под покровителство на Министерството за финансии.
 
Со измени на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, Ставрески истакна дека даночните обврзници, што се корисници на услугата, во моментот на издавање на услугата нема обврска да ја платата услогата, доколку не му биде издадена фисклана сметка.

- Согласно  истиот Закон граѓанинот има обврска да ја чува фискалната сметка најмалку 15 метри од местото каде што се врши трансакцијата, со цел доколку УЈП изврши контрола да може да се констатира дали е или не е издадена фискалната сметка, нагласи Ставрески. 
 
Со најавените измени на Законот за даночна постапка, спопред него, се предвидува објавување листа на должници, на доспеани и неплатени долгови по основ на данок на додадена врдност, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, како и акцизи и царини.
 
- За сите должници кои подолго од 90 дена нема да ги платат јавните давачки ќе бидат објавени јавно на листа на веб страницата на Управата за јавни приходи, каде што ќе биде објавено името и презимето на должникот или називот на фирмата и други податоци кои се однесуваат на должникот, како и вкупниот износ на долгот, појасни Ставрески.

На листата ќе се најдат физичките лица кои нема да го платат долгот повисок од 120.00 денари во предвидениот рок и правните лица со долг над 300.000 денари, кој не е платен повеќе од 90 дена. Предвидено е 15 дена пред објавување на листата секој од должниците кој не платил подолго од 90 дена да добие опомена од УЈП и можност доколку плати да не биде објавен на листата.

- ИЗмените се цел да се намали даночната евазија, да се спречи или намали нелојаната конуренција, односно да создадеме поздрава конкуренција меѓу субјектите во стопанството  и да се зголеми свеста кај сите за издавање и добивање фискални сметки, нагласи вицепремиерот и министер за финансии Ставрески

17.11.2013 - 13:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега