Козле: Најмладиот пациент има само два месеци, најстариот 16 години
Во Институтот за белодборни заболувања кај децата – Козле се хоспитализирани 21 дете заболено од Ковид-19. Сите деца се во добра општа состојба. Ова за МИА го изјави директорот на таа јавна здравствена установа, Бесник Зеќири.
Тој посочи дека хоспитализираните деца се на возраст од два месеци до 16 години.
– Од заболените деца, 80 отсто се на возраст од 8 до 16 години. Две заразени деца се на кислородна поддршка, додаде д-р Зеќири
09.11.2021 - 12:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа