Гаши пред коалиција со Заев – Министерствата за култура и земјоделие ќе ги земе Алтернатива
Министерствата за култура и земјоделство и се понудени на Алтернатива во замена за поддршката на нивните 4 пратеници за опстанокот на мнозинството на премиерот Заев.
Преговорите според неофицијални информации веќе се во тек а во текот на викендот се очекува соработката да биде официјализирана.
Заедно со Алтернатива сега СДСМ и ДУИ ќе имаат 63 пратенички места во Собранието што ќе биде доволно за да може да функционира новото мнозинство и кабинетот на Заев.
Од Алтернатива утрово велат дека пред партијата се две опции а тоа е брзи избори или коалиција со СДСМ за што, се очекува партиските структури да одлучуваат во наредните денови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа