Заев: Имавме конструктивна средба, имаме заклучоци
Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши не дадоа изјави по средбата во Клубот на пратеници. Единствено премиерот прокоментира дека дошле до заклучоци, но деталите дополнително ќе бидат соопштени.
-Имавме конструктивна средба, имаме заклучоци. Прес-службата на Владата веднаш ќе ги сподели со сите вас медиумите, кратко искоментира Заев не одговарајќи на прашањето дали Алтернатива ќе биде дел од Владата.
Ова е втора средба меѓу двете партии. Владата во моментот нема парламентарно мнозинство, и во Собранието силите се 60-60. Влезот на Алтернатива во Владата би значело парламентално мнозинство за Коалицијата СДСМ – ДУИ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа