Битолчани лажно се рекламирале дека посредуваат за работа во странство - заработиле 300.000 денари

Двајца итри битолчани си заработија кривична пријава поради измама.

Се работи за 53-годишниот М.К. и 35-годишниот С.К. кои во период од две години, од 2010 до почетокот на 2012 година,  преку повеќе пишани и јавни медиуми објавиле реклами и огласи дека посредуваат при вработување во странство и со лажно прикажување и ветување довеле во зблуда 42 лица од повеќе градови во државата.

Тие на оштетените им ветувале дека за паричен надоместок од  2.300 до 24.000 денари ќе им обезбедат работа во странство.

Така, измамниците си заработиле 313.480 денари, а ветената обврска не ја исполниле.  

најчитано сега