Мама Бетка и татко Џорџ: Скопската Зоолошка доби ново бебе (ФОТО)
Скопската зоолошка градина доби ново бебе од видот белорак гибон.
-Полот се уште не го знаеме бидејќи не сакаме да ја вознемируваме мама, а бебето има и постара сестричка-Софи, која се роди пред околу две години и за која пишуваа сите светски медиуми, токму поради фактот што гибоните се еден од најзагрозените видови и носењето подмладок на свет е реткост и во природата и во зоолошките градини, велат од Зоолошката.
Инаку станува збор за мајмун кој е загрозен во приридата од повеќе причини.
-Најприсутна закана е губитокот на нивните живеалишта, односно масовната сеча на дрва, изградба на патишта, земјоделски активности, туризам, шумски пожари, неконтролирано уништување на шумите, изградба на нови села и насади на маслодајни палми..., велат од ЗОО.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа