Градоначалник објави десетина фотографии: До општина дојдов со пешачење, без автомобил

 

Новиот градоначалник на општина Гази Баба Бобан Стефковски преку социјалната мрежа Фејсбук објави дека на работа денеска отишол пеш, а автомобилот го оставил дома.

-Утрово од својот дом во Железара до просториите на општина Гази Баба дојдов со пешачење, без автомобил.Имајќи го предвид загадувањето на амбиенталниот воздух и мерките од Градот Скопје, ги повикувам граѓаните да ги користат можностите на бесплатниот јавен превоз. Обврските на градоначалникот се теренски и на различни локации кои налагаат користење на автомобил, но во следниот период почесто ќе практикувам движење без автомобил. Секој од нас да го даде својот придонес во намалување на загадувањето на воздухот, напиша Стефковски на ФБ.

 

28.12.2021 - 20:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега