Постоечките билетарни односи меѓу Македонија и Косово се добра основа за натамошна соработка

 

Постоечките билатерални односи помеѓу Реублика македонија и Република Косово се добра основа за натамошно  унапредување на соработката. Платформата на кои што се поставени, како и заедничките стратешки определби и цели за членство во ЕУ и во евроатлантските организации даваат гаранција дека ќе продолжи праксата на негување на добрососедските односи.

Ова го наглси новоименуваниот амбасадор на Република Mакедонија во Република Косово, Илија Страшевски при презентацијата на неговата дипломатска програма денеска на седницата на собраниската Комисија за надворешна политика.

- Мојот ангажман ќе биде насочен кон достојно претставување на Република Македонија, заштита на нејзините интереси и на нејзините граѓани и натамошно јакнење на билатералните односи во сите сфери, истакна Страшевски.

Тој предвидува одржување на континуитетот на иницијативите за средби на највисоко ниво, подготовки за предивденото учество на претседателот на Република Македонија на средбата со претседателите на Косово, Албанија и на Црна Гора што треба да се одржи во 2014 година, неопходни активности за одржување заедничка седница на владите на двете земји, како и интензивирање на парламентите на Македонија и на Косово. Потсетувајќи оти Косово е еден од најзначајните трговски и економски партнери на Македонија, меѓу другото, истакна дека еден од главните приоритети ќе биде и унапредувањето на економската и трговската соработка со поттикнување и унапредување на примената на ЦЕФТА договорот за слободна трговија, одржување на постојани контакти со косовската бизнис заедница, поттикнување на интересот за инвестирање во Македонија, иницирање на засилена соработка на Стопанските комори, можноста за влучување на македонските градежни компаниии во изградбата на косовската инфраструктура, особено во изградбата на автопатот Приштина - Скопје, промоција на туристичките капацитети на Република Македонија, согледување на  можностите за приклучување на Косово кон плнираниот гасоводен систем во земјава ...

Пратеникот Орхан Ибраими од ДПА упати низа критики кон Страшевски, кој инаку 3,5 години е дел од Амбасадата на Република Македонија во Приштина и говори албански јазик, но за новата функција, подвлече, е подготвуван од разузнавачките служби. Ибраими упати забелешка и за тоа зошто новоименуваниот амбасадор не е Албанец и во таа насока упати обвинувања дека Република Македонија не ги гледа, како што рече, двете албански држави Косово и Албанија, како пријателски, туку како непријателски земји.

Во реплика, пратеничката Ермира Мехмети потенцира дека обраќањето на Ибраими е крајно опасно, а со изнесните тези не се согласува никој. Според неа, употребената фраза „непријателски земји“ од страна на Ибраими е реторичка трагедија со која што може да се користи еден пратеник.

- Немојте да говорите за патриотизам, за правичната застапеност на Албанците во полициските специјални единици или елитните армиски „волци“. Вие говорите за шпионирање, а вие ангажиравте ваши луѓе и отидовте во Белград да го најдате поранешниот шпион за да фалсификувате нечија биографија. Колку може да биде бизарен умот на тоа што го измислил ова, да измисли афера. Едноставно сте се соголиле, ви го видовме вистинскиот лик. Не е политиката, патриотизмот и национализмот само зборови, му порача Мехмети на Ибраими.

По повеќе меѓусебни обвинувања  за тоа кој е поголем поборник на албанската кауза во Република Македонија меѓу Мехмети и Ибраими, дали ДУИ или ДПА, претседателот на Комисијата Антонио Милошоски даде пауза на седницата.

Милошоски го опомена Ибраими дека не се добри квалификациите што ги дава за пријателски или непријателски земји, укажувајќи оти нивото на трговската размена е многу добар пример за тоа како стопанствениците се чувствуваат во соработката, а редовната дипломатска и политичка комуникација на секое ниво, како и отворените амбасади во Скопје и Приштина, е показател меѓу другото за соработката на две соседни земји, кои се значајни една за друга.

19.11.2013 - 14:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега