Притвор за дилер на дрога од Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 39-годишен скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
-При извршен претрес во возило кое го управувал осомничениот, а потоа и во неговиот дом, полициски службеници пронашле наркотична дрога марихуана во нето маса од 66,55 грама, 5,96 грама амфетамин, 0,41 грама кокаин, 0,89 грама прашкаста материја од амфетамин MDMA и 149 таблети од психотропна супстанца, соопшти Јавното обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор бидејќи, како што е наведено во соопштението, постојат околности кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон или да го повтори делото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа