СДСМ: Три месеци Арсовска само се правда и не реализира готови проекти важни за Скопје
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска потроши три месеци од мандатот без да реализира ниту еден проект а сопре и неколку готови проекти, се вели во соопштението на СДСМ.
Од партијата наведуваат дека Арсовска ништо не направи за најзначајниот проект за еколошки и брз градски транспорт за кој веќе има обезбедено 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој.
Стои и изградбата на мостот во Карпош на Љубљанска за кој исто така се обезбедени средства.
Арсовска не ја продолжи ниту реконструкцијата на Универзална сала која е започната и за која Владата има обезбедено пари.
Не е завршен ниту капиталниот проект – мост на реката Вардар во Аеродром.
Неработењето на Арсовска ја прави најнеуспешна градоначалничка на Скопје.
Граѓаните се презаситени од оправдувања и изземање од одговорност, тие очекуваат реализација на крупни, капитални проекти, се вели во соопштението од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа