СДСМ: Левица работи против државните интереси, после 20 години имаме успешен попис кој не успеаја да го спречат
После 20 години умаме успешен попис, спроведен по највисоки светски стандарди на ЕВРОСТАТ, признаен од сите меѓународни и домашни релевантни фактори.
Не успеаја повиците на Левица за бојкот на пописот, ниту пак обидите да биде попречен и да не се одржи, реагираат од владејачката СДСМ во писмено соопштение по повод изјавата на пратеникот Борислав Крмов, од политичката партија Левица.
„Тоа е пораз за сите деструктивтни сили кои работата против државните интереси како што е Левица.
Прифаќањето на резултатите веќе е потврдено со искажувањето волја на огромното мнозинство граѓани да се попишат“, се потенцира во реакцијата на СДСМ.
Оттаму велат дека пописот е важна статистичка операција и не треба да се политизира.
-Напротив, тој е доказ за кохезијата на македонскиот народ и нашето мултиетничко општество.
Со добиените резултати, сега државата, институциите, имаат чиста слика за сите важни податоци, за бројот и структурата на населението, за состојбата со општините и регионите, стои во реакцијата на СДСМ.
30.03.2022 - 17:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа