Османи: Оптимизмот меѓу Скопје и Софија се должи на позитивната атмосфера последните месеци
Оптимизмот и од Скопје и од Софија се должи на позитивната атмосфера која ја создадовме последните месеци преку континуирани средби на политичко ниво. Волјата е тука, динамиката е тука, предлози има на маса. Решение ќе има кога ќе има решенија за сите аспекти, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи одговорајќи на новинарско прашање, по средбата со сојузната министерка за ЕУ и уставни прашања на Република Австрија, Каролине Едштадлер.
Прашан на што се должи позитивната атмосфера меѓу Скопје и Софија, Османи потенцираше дека се должи најмногу на континуираните средби на политичко ниво, меѓутоа и интензивните средби на секторските работни групи.
-Оптимизмот се должи на интензивните средби на секторските работни групи, кои секоја недела со една позитивна волја и со вложеност произведуваат резултати. Бројни меморандуми кои ги набројав на последната средбаа, договори, конкретни проекти кои на некој начин ја враќаат довербата меѓу двете влади, а се надевам и двете општества, додаде министерот.
Оптимизмот, како што рече, се должи и на честите средби на групите по однос на политичките прашања.
-Размената на идеи, искреноста во пристапот. Забележувате дека нема првокации помеѓу двете страни кои се испраќаат преку посредни канали, туку сето тоа што го имаме како став го кажуваме најпријателски и најотоврено на маса, и се обидуваме да најдеме достоинствено решение, кое на крај треба да ги остави и двете страни или подеднакво задоволни или подеднакво незадоволни, рече Османи.
Според шефот на дипломатијата, волјата е тука, динамика има, предлози има на маса. Како што рече, решение ќе има, кога ќе има решение за сите аспекти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа