Арсовска: Видени се сомнителни луѓе, можно е пожарот во „Треска“ да е подметнат

 

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска попладнево изјави оти пожарот кај поранешната фабрика „Треска“, според индициите е најверојатно подметнат.

Пожарот е локализиран, речиси целосно изгаснат и не претставува опасност.

 

– Сакам да ве известам дека пожарот е локализиран. Можам да кажам дека имаше фантастична реакција на скопската Противпожарна бригада. На пожарот интервенираа 55 пожарникари. Од индициите коишто ги имаме најверојатно се работи за пожар што е отпочнат на потегот како што ми спомна командирот, со сомнение дека има лица коишто го подметнале. Тоа е информација која што ја добивме и од комшиите кои живеат непосредно тука, кои виделе дека има лица на овој потег, рече Арсовска, нагласувајќи оти треба да има најстроги мерки за оние кои го направиле ова.

 

Посочи оти се надева дека институциите ќе преземат се што е во нивна надлежност да не се дозволи луѓето да бидат во опасност.

– Сакам да верувам дека ќе се разршеи оваа состојба со овој потег тука, меѓутоа и пред се не смее да се дозволи граѓаните на Скопје да се загрозени и нивниот живот, нивното здравје да е загрозено од некој којшто е недоговорен и којшто презема постапки кои се на штета на градот и на луѓето, рече Арсовска.

 

Имено, како што посочи Арсовска, одговарајќи на новинарско рпашање, според информациите кои таа ги има, се работи за објект што времено е под стечај, односно има стечаен управител.

Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Ѕвонко Томески информира дека на пожарот веднаш интервенирале со сите расположливи сили. Посочи оти нема повредени пожарникари.

 

14.04.2022 - 16:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега