Видеото кое го расплака светот - татко ја снима првата година на превреме роденото синче

Вард Мајлс Милер денес e здраво и прекрасно 16 месечно бебенце кое ужива да си игра со семејното куче. Но, тој се родил 15 недели предвреме и првите 107 дена од животот ги поминал на интезивна нега на неонатален оддел. Неговите родители, Луси и Бенџамин не знаеле дали нивното синче ќе преживее.

Борбениот дух на малиот Мајлс го расплака светот откако на интернет беше поставено кратко видео од првата година од неговиот живот. Видеото го направил таткото Бенџамин како подарок за роденденот на мајката.

 

Таткото кажува дека тој и неговата сопруга поминале низ многу тешкотии. Им било кажано дека Мајлс има крварење на двете страни од мозокот и дека можеби никогаш нема да прооди. Но, за среќа денес Мајлс е совршено здрав и ужива во своето детство. Погледнете го видеото и запознајте го храброто момче!

24.11.2013 - 14:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега