Ќе ја намалиме невработеноста и ќе вложуваме во иднината - СДСМ ја презентираше новата програма во Демир Хисар

Оливер Спасовски денеска ги презентираше новите мерки на СДСМ во Демир Хиса Тој истакна дека програмата се базира на три основни столба а тоа се да се врати средната класа, да вложуваме во иднината, а не во минатото, и да ги спречиме поделбите во Република Македонија.

 - Денес, ќе разговараме со граѓаните на Демир Хисар, ќе ги слушнеме нивните мислења и предлози пред се, за оние теми кои што се значајни и неопходни за развојот на овој регион и пред се на Демир Хисар. Тука мислиме на развој на инфраструктурата, како и во делот на економијата и создавањето на нови вработувања.Конкретно, ќе посочам и неколку мерки за подобрување на земјоделството во РМ и за подобрување на статусот на земјоделецот. Не се доволни само субвенции кои ги дава државата, а притоа да паѓа целокупното производство во земјоделието. Затоа, една од клучните мерки ќе биде бенифицираниот стаж за земјоделците, од 12, на 13 месеци бенефициран стаж за секој земјоделец. Исто така, земјиштето да биде во рацете на вистинските земјоделци, субвенциите да ги примаат вистинските земјоделци. Ќе воведеме мерка за зелена нафта и многу други мерки кои ќе допринесат за развој на земјоделието, истакна Спасовски.

Еден од клучните проблеми во Македонија и во Демир Хисар е невработеноста. Тука има многу млади луѓе кои не можат да дојдат до работа, знаете дека во Македонија во последните неколку години ја имаат напуштено околу 230 илјади млади луѓе. Ние сме цврсто решени да ја подобриме бизнис климата, да ги изедначиме домашните и странските инвеститори, Владата на СДСМ планира да вложува во бизнис инкубатори за отварање на мали и средни претпријатија, се со цел да може секој млад човек да го искористи стекнатото знаење и да обезбеди егзистенција во Македонија, наместо некаде надвор, додаде тој.

 

25.11.2013 - 15:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега