ВИДЕО: Зоран Заев ќе ги намалува субвенциите

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на вчерашното интервју во емисијата Тренд на телевизијата Вести24 изјави дека според земјоделската политика на СДСМ ќе се намалуваат субвенциите на земјоделците доколку не успеат да го зголемат приносот во идната реколта.

- Ако велите дека на житопроизводителот од хектар тој произведува 3000 килограми, идната година ќе му кажете имате 10% повеќе субвенции, ама 3500 килограми од хектар ќе произведете. Ако произведете 3000 или помалку, ќе ви се намалат субвенциите за 20%, за 10% или слично, изјави Заев.
 
Со тоа, СДСМ ќе започне со намалување на субвенциите под оправдување дека не е зголемен приносот. Приносот во земјоделството во голема мера зависи и од временските услови, евентуалните непогоди кои може да го зафатат некој регион или пак од плодноста на земјиштето каде што се засејува одредена култура. Доколку земјоделците се соочат со некој од овие несакани услови, тогаш ризикуваат да добијат далеку помали субвенции според предлогот кој што го нуди СДСМ.
 
Изјавата на Заев доаѓа неколку дена по сериозниот судир кој што го имаше со здруженијата на земјоделците и заканите за тужби кон нив. 
25.11.2013 - 16:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега