Жерновски: Ќе барам од Обвинителството да се изјасни за документите од „Скопје 2014“

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски по презентацијата на вториот извештај на експертската комисија за проектот Скопје 2014,  што ја ангажираше општината,  рече дека наодите покажале спроведени незаконски тендери и најави дека целиот материјал ќе го предаде на Обвинителството.

- Власта проектот Скопје 2014 го најавуваше како најголем проект, но ќе излезе најголема афера. Фрапантен е податокот дека ако не биле ваквите постапки, општината ќе можела да заштеди 8.000.000 евра. Ова е школски пример за незаконски  наместени тендери, рече Жерновски.

Според него, на тендерите биле прифаќани и понуди кои биле поскапи и до 227  проценти од останатите понуди.

Жерновски најави дека пратениците од СДСМ од Центар ќе поднесат барање за надзорна расправа за проектот Скопје 2014 на која, како што рече, според законските одредби  и законот за Собрание, премиерот и министерката се должни да дојдат и да одговорат на многу прашања за овој проект.

Градоначалникот на Центар истакна дека не ја исклучува можноста да биде покрената одговорност на инволвираните вработени во општината и ова, според него, би било тест за тоа како работи македонското судство.

Тој најави дека граѓаните, на референдум ќе можат да го искажат својот став за судбината на спомениците. Референдумот, рече Жерновски, би се организирал заедно со претседателските и евентуално се’ поизвеснтите парламентарните избори за да се избегнат двојни трошоци.

28.11.2013 - 15:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега