ВМРО-ДПМНЕ: Паркобраните и Жерновски не засадија ниту едно дрво!

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција обвинија дека пркобраните и Андреј Жерновски не насадија ниту едно дрво на Денот на дрвото. 

- Паркобраните и Андреј Жерновски покажаа дека не се грижат ниту за зеленилото во Општина Центар, ниту за животна средина во која живеат сите граѓани на Република Македонија. Денот на дрвото стана добро прифатена традиција во Република Македонија во која секој граѓанин има можност да засади ново зеленило во своето место на живеење и со тоа да влијае врз зголемување на зеленилото во својата општина и во целата земјата. Оние кои цело лето ја манипулираа јавноста дека се грижат за зеленилото во Скопје, а себе се нарекуваа Паркобрани, на чело со нивниот градоначалник Андреј Жерновски не се појавија никаде при реализација на Денот на дрвото ниту насадија по една садница. Протестираа против сечењето на 5 стари дрва, но на овој ден не насадија ниту едно, велат од партијата.

Да протестираш за 5 стари дрвја, а да не учествуваш во акција во која се насадија 5 милиони нови садници во цела Македонија, од кои 80.000 само во Скопје е врв на лицемерие и е доказ за партиската затруеност на овие луѓе.  И Жерновски и сите кои протестираа околу Бристол, во средата, на Денот на дрвото останаа дома. Освен на Денот на дрвото, кога паркобраните имаа можност да покажат дека навистина се грижат за зеленилото во Република Македонија, тие воопшто не реагираа ниту на неодамнешната информација кога градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски во јавноста обелодени документ дека Андреј Жерновски побарал на територијата на Општина Центар да се исечат 26 дрвја, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

29.11.2013 - 13:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега