Ентони Блинкен: Кина се оддалечува од мирно решавање на проблемот
Последните дејствија на Кина во Тајван се поблиску до принуда и употреба на сила отколку до практиката на мирно решавање на прашањата, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен на заедничката прес-конференција со неговиот филипински колега Теодор Л.Локсин помладиот.
Блинкен истакна дека САД се свесни дека нивните сојузници се загрижени за, како што рече, опасните и дестабилизирачки дејствија на Кина околу Тајван, но дека Вашингтон ќе го реши проблемот како што правеше досега, пренесува Ројтерс.
„САД не веруваат дека е во интерес на Тајван, регионот или нашата национална безбедност ситуацијата да ескалира“, рече американскиот државен секретар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа