Вардар повторно е на фудбалскиот врв

Вардар се врати на чело на прволигашката табела во македонското фудбалско првенство откако вечерва, на домашен терен ја совлада Ренова со 3:1. Стрлеци на головите за црвено-црните беа Костовски во Костовски во 6 и 10 минута и Филип Петров во 45 минута. За Ренова стрелаше Емини во 52 минута. Вардар го искористи киксот на  фудбалерите на Хоризонт Турново кои не успеаја да ја минат најважната пречка кон  шампионскиот трофеј откако попладнево на домашен терен  одиграа само 1-1 со тетовска Шкендија. 

Домаќините први го отворија резултатот  со погодокот на Балдовалиев во 70м но радоста траеше само 2 минути откако Реџепи  постигна израмнувачки погодок. 
Со овој бод Хоризонт Турново ја загуби лидерската позицијата и сега заостанува 1 бод зад Вардар
 
ФОТО: ФКВардар

најчитано сега