Зоран Мартич застана на чело на МЗТ

Зоран Мартич од Словенија ќе го превземе кормилото на аеродромскиот кошаркарски клуб МЗТ Скопје откако од истиот претходно отказ доби Влада Вукоичиќ. 

- Поранешниот тренер на Будуќност, Крка, Пивоарна Лашко, Геоплин Слован, Апоел, Кимик, доаѓа на местото на Влада Вукоичиќ кој што го напушти МЗТ во текот на вчерашниот ден, стои во информацијата на Фејсбук профилот на клубот од Аеродром.

Мартиќ меѓу јавноста е познат по Европското младинско првенство У-20 кое што се одржа во Охрид во 2000 година, кога токму со словенската репрезентација успеа да стигне до златото. 

Се очекува наскоро официјална промоција на Мартич, а од клубот најавени се и играчки промени. 

02.12.2013 - 16:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега