Кривична пријава за поранешниот директор на “Охридски комуналец“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42-годишниот охриѓанец С.А. кој ја злоупотребил службената положба, како и како и против правното лице “Кемпласт-ПВЦ“ ДООЕЛ од Струга и одговорното лице во истото Д.А.

Според податоците од полицијата, С.А. кој бил директор на “Охридски комуналец“ во периодот од ноември до декември 2010 година противправно ја ангажирал фирмата “Кемпласт – ПВЦ“ ДООЕЛ да изврши работи и да вгради материјали при реновирање на објектите на ЈП “Градски гробишта“ од Охрид, во вкупна вредност од 851.325 денари и за истата цел наместо плаќач да биде ЈП “Градски гробишта“, сумата ја платило ЈП “Охридски комуналец“.

Подоцна, откако струшката фирма завршила со изведување на работите и вградување на материјалите, тој фиктивно побарал спроведување на три тендерски постапки без објавување на оглас – бр. 38/2010 од 15.11. 2010 за набавка и вградување на пвц столарија; постапка за јавна набавка бр.39/2010 за набавка и вградување на врати и ламинат; и постапка за набавување на канцелариски мебел бр.40/2010. Формираната тендерска комисија од страна на самиот С.А. потоа формално ги спровела постапките за веќе завршени работи. На тој начин на С.А. и овозможил на фирмата “Кемпласт-ПВЦ“ ДООЕЛ од Струга противправно да се стекне со корист во вкупен износ од 851.325 денари.

03.12.2013 - 14:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега