Почина македонскиот флејтист Никола Атанасов

По долгогодишно боледување вчера на 74-годишна возраст почина флејтистот Никола Атанасов. Тој беше професор и педагог на Музичката академија во Скопје и во Приштина, постојан солист на македонска филхармонија, на камерниот ансамбл за современа музика Св. Софија и солист на камерниот оркестар на радио Скопје.

Роден е во 1939 година во Просечани, во 1964 година завршува Музичка академија во Љубљана, а како стипендист на италијанската влада една година престојува на Академијата Санта Чичилија во Рим на специјализација. Потоа се враќа во Македонија и се вработува како прв флејтист во оперскиот оркестар на МНТ, каде останува до крајот на својот работен век.

Комеморацијата во негова чест ќе се одржи утре во 10:30 часот во Македонска Опера и Балет, а ќе биде погребан на Градските гробишта Бутел во 12:30 часот.

04.12.2013 - 12:03
Фото: 
мојпортал

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа