Криела дрога во станот на татка си - кривична за група кумановчани

Кривична пријава за О.С.(33), Д.С.(29), С.С.(27) и С.С.(28), сите од Куманово, за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

О.С. и Д.С. откако набавиле марихуана ја нуделе за продажба, при што му ја продале на С.С. која останатата количина марихуана ја сокрила во домот на нејзиниот татко З.П.

Истражен судија на О.С., Д.С. и С.С. им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.

04.12.2013 - 12:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа