Монструм од Ново Лисиче труе кучиња и мачки

Од здружението за заштита на животни Анима Мунди, денеска информираат дека монструм не престанува да сее страв во Ново Лисиче, убивајќи кучиња и мачки. Според податоците од Анима Мунди, кај зградите на АСНОМ 2 и АСНОМ 4 биле извршени повеќе од десетина труења во последните три месеци и убиени бројни мачки и кучиња.

Бројни граѓани ги пријавуваат труењата, доставуваат фотографии и изјави, исплашени за животите на нивните миленици , но и за општата безбедност. Голем број дечиња од населбата за жал биле сведоци на грозоморната глетка на убиени миленичиња.

- Во еден од случаите со затруено животно, мали деца биле тие кои го виделе ужасот на отруеното животно кое паѓало, квичело, повраќало пена и се тресело како да има епилептичен напад. Децата веднаш се растрчале и побарале помош – додаваат од Здружението, пренесува Плусинфо.

 

04.12.2013 - 15:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега