Осуммина повредени во Штип- меѓу нив 8 месечно бебе

Осуммесечно бебе е меѓу повредените во пожарот во станбената зграда која попладнево изгоре во Штип. бебето како и 6 други стѕанари меѓу кои и една бремена жена е хоспитализирано поради вдишување на поголема количина чад. Едно лице е хоспитализирано со изгореници. Состојбата на сите повредени е стабилна.

Командирот на ТППЕ Кирчо Патраклиев вели дека пожарот се случил околу 16 часот и 20 минути во подрумските простории на станбената зграда.

Поради тоа што се појавил дим станарите ги фатило паника и почнале сите да излегуваат на терасите, а дел ги отворале и влезните врати со што го вдишувале јаглерод моноксидот.

- Се оргнизиравме веднаш и се поделвиме на две групи. Едната го гаснеше пожарот во подрумските простории,  а другата екипа ги евакуираше станарите,  вели Патраклиев.

Тој додава дека ова не е првпат да избувне пожар во оваа станбена зграда.

05.12.2013 - 21:17
Фото: 
Курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега