Вечерва уапсен опасниот убиец Панда кој избега од болницата во Демир Хисар

Припадниците на полициската единица „алфи“ вечерва го уапсиле опасниот убиец, 40 годишниот Јордан Младеновски- Панда кој избега од психијатриската болница Демир Хисар.

За неговото бегство осомничени се двајца психијатри од болницата кои незаконски му дозволиле да ја напушти установата и да излезе на викенд по што тој не се вратил. Претходно со судска одлука било забрането тој да излегува на слобода откако неколку пати избегал од болницата Бардовци.

панда пред 12 години ја закла својата бремена сопруга и од тогаш е под надзор на институциите.

Детализ а приведувањето полицијата најавува за утре.

 

 

05.12.2013 - 21:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа