Го затвориле во магацин и му го украле Југото - хорор за вработен во Макпетрол

Три засега непознати лица синоќа синоќа ограбиле бензиска пумпа на „Макпетрол“  на автопатот Скопје-Куманово кај селото Романовце.

Насилниците влегле на бензинската, му се заканиле на 45-годишниот вработен Ч.Т. кој се нашол на смена, а потоа го заклучиле во магацинот одзеле 6.000 денари и го оштетиле банкоматот на „Комерцијална Банка“, по што со неговиот со автомобил марка Југо избегале од местото на настанот.

Полицијата работи на случајот.

 

06.12.2013 - 12:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа