Навивачи влегле на теренот - еве што се случувало на кошаркарскиот натпревар Работнички-Вардар

Синоќа за време на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите на „Работнички„ и „Вардар„ неколку навивачи од навивачката група “Сити Бојс“  влегле на теренот и се обиделе да предизвикаат инцидент со провокации кон навивачите на навивачката група “Сити Парк Бојс“, при што брзата интервенција на полицијата веднаш ја ставија ситуацијата под контрола.

Истито ден, околу 19 часот, приведен е 19-годишниот скопјанец Б.И. поради недолично однесување за време на натпреварот.  Во врска со настанот, издадени се и четири платни налози и тоа на КК “Работнички“, одговорното лице Ѓ.А., Б.И.(19) и И.П.(29), за сторени прекршоци по Законот за спречување на  насилство и недостојно однесување на спортски натпревар.

06.12.2013 - 12:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега